• Nie Znaleziono Wyników

Widok Таксис изразен со реченици во кои ситуацијата P1 е  вметната во  ситуацијата P2 во македонскиот јазик и  нивните еквиваленти во  рускиот јазик

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2022

Share "Widok Таксис изразен со реченици во кои ситуацијата P1 е  вметната во  ситуацијата P2 во македонскиот јазик и  нивните еквиваленти во  рускиот јазик"

Copied!
10
0
0

Pełen tekst

(1)

МИЛИЦА МИРКУЛОВСКА

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”

Скопје

Таксис изразен со реченици во кои

ситуацијата P 1 е вметната во ситуацијата P 2 во македонскиот јазик и нивните

еквиваленти во рускиот јазик

1. Tипот на проблеми поврзани со начинот на изразување на временски- те релации во еден исказ сооднесен со некој друг исказ, во најопшта смисла, ќе ги опфатиме со терминот таксис. На пр. тоа се сложените реченици, во кои имаме две реченици (два реченични изрази) од типот:

(1) Ацо знае дека Кате работи.

(2) Ацо знаеше дека Кате работела.

(3) Ацо ќе дознае дека Кате работи итн.

Анализата на еден тип на таксисни конструкции во македонскиот јазик и нивните еквиваленти во рускиот јазик што ќе ја претставиме, се надоврзува на теоретските основи од проектот Таксис во словенските јазици раководен од проф. Виктор Храковскиј при Одделението за лингвистички истражувања на РАН (Руската академија на науките).

Во рамките на различни теоретски пристапи информациите за конструк- циите што нè интересираат, според дефинираниот поим за таксис, во маке- донскиот јазик можат да се сретнат во неколку извори (Конески 1966, Мино- ва-Ѓуркова 1994, Тополињска 1997). Во рамките на претходно споменатиот проект се обидовме да дадеме опис1 како се изразува на пр. целосната едно- временост во: сегашноста (1), минатото (2), иднината (3) итн.; потоа, презенти- раниот македонски јазичен материјал според теоретските рамки на Проектот

1 Томот на типолошката анализа на таксис во словенските јазици е во подготовка. Во проектот учествуваа претставници од повеќе универзитетски центри.

(2)

дава информации кои се типичните таксисни конструкции за македонскиот јазик (финитни и нефинитни — односно кои се кондензираните форми за изра- зување на соодветните релации и сл.), дали таксисот се надградува врз фо- нот на некои други релации (цел, причина итн.), дали постојат глаголи кои во себе имаат „вградена” информација за таксис и каква е формалната реа- лизација на овие конструкции. Понатаму во текстов ќе наведеме еден тип на таксисни конструкции во македонскиот јазик и нивните руски преведувачки еквиваленти, со забелешка дека овој текст само иницира истражувања на оваа тема, односно отвора дискусија за можностите за контрастивно проу- чување на двата јазика во оваа област. Следствено, тука нема да стане збор ниту за останатите значења што евентуално ги имаат одделни таксисини кон- струкции како секундарни значења или пак значења сугерирани од околниот контекст во македонскиот јазик како појдовен, ниту пак за максималните можности на нивните преводни еквиваленти во рускиот јазик и нивните зна- ченски варијации.

2.0. Валентентниот (актантен) таксис може да биде изразен со следниве типови на реченици:

2.1. реченици во кои ситуацијата P1 е вметната во ситуацијата P2, односно со реченични конструкции од типот: a) ГЧ2 финитна форма, ЗЧ финитна форма (4); б) ГЧ финитна форма, ЗЧ нефинитна форма/реченична трансформа (5):

(4) Мислам дека Коле дошол.

(5) Го гледав пристигнувањето на возот.

2.2. реченици во кои ситуациите P1 и P2 ги пополнуваат валентните места на т.н. „службен (таксисен)” глагол, на пр.:

(6) Реконструкцијата на мистериозниот настан следува по разрешувањето на истраж- ниот судија Мирослав Трифуновски.

Кај овој тип (в) реченични конструкции таксисот е содржан во самиот тип на предикатот што ја создава реченицата.

3.0. Во понатамошниот преглед, согласно В. Храковски (Типолоия 2009) ќе се осврнеме на средствата за изразување на валентниот (актантен) таксис, односно на речениците во кои ситуацијата P1 е вметната во ситуацијата P2 во македонскиот јазик и нивните еквиваленти во рускиот јазик.

3.1. Во македонскиот јазик постојат: а) т.н. глаголи на зборување, на пр.:

каже, рече, вели, изјавува, тврди...; кои имаат свои еквиваленти во рускиот јазик, на пр.: сказать, говорить, сообщать, утверждать...; б) глаголи и пе- рифрастични изрази на мисловни перцепции и операции, во македонскиот на пр.: мисли, смета, согледува, е на мнение, има мнение; во рускиот на пр.:

думать, считать, осознавать, у него есть мнение, есть мнение; в) глаголи

2 ГЧ — главен член / дел-реченица [P2], ЗЧ — зависен член / дел-реченица во сложената реченица [P1].

(3)

на визуелна и аудитивна перцепција, во мекадонскиот на пр.: гледа, слуша;

во рускиот на пр.: смотреть, слушать; г) глаголи на изразување на желба, во македонскиот на пр.: сака, посакува; во рускиот на пр.: хотеть, захо- теть. Сите горенаведени глаголи отвораат можност за т.н. втор реченичен аргумент. Во зависност од теоретската рамка тоа се исказни (декларативни) реченици (Конески 1966); декларативни (изказни) зависносложени реченици или именски, содржински, интензионални, предметни објаснувачки речени- ци (Минова-Ѓуркова 1994); реченици конституирани од предикати од втор ред, аргументи со реченичен облик, комплементарни реченици (Тополињска 1997) и сл.

Кај овој тип конструкции вршител (појдовен аргумент на релацијата) е човек, освен ако не се работи за метафора. Како показатели на релацијата во македонскиот јазик ги среќаваме:

a) сврзниците (партикулите): дека (рус. что), оти (рус. что, потому что), како (рус. как), што (рус. что), да (рус. что, чтобы);

б) прашалните партикули, најчесто дали (рус. ли);

в) прашалните заменски зборови: што (рус. что), кој (рус. кто), чиј (рус.

чей), каков (рус. какой), колкав (рус. какой), каде (рус. где), кога (рус. когда), колку (рус. сколько), како (рус. как), зошто (рус. почему).

3.2. Во македонскиот јазик при усогласувањето на времињата во ГЧ и во ЗЧ возможни се комбинациите што ќе ги проследиме и при тоа ги приведу- ваме и руските преведувачки еквиваленти:

ГЧ ЗЧ

сегашно време (PRS.IPFV)

сегашно време (7) сегашно време (PRS.IPFV)

минато време (8)

определено (IMPF.IPFV) неопределено (PRF.IPFV)

има-конструкција

(PRS.AUX/PRF.AUX/IMPF.AUX + ADJ-PTCP.IPF)

идно време (9)

идно (FUT.IPFV) минато-идно (FUT-PST.IPFV) идно-прекажано (FUT-PRF.IPFV) (7) Ана знае:PRS.IPFV дека Петре учи:PRS.IPFV.

(7’) Анна знает, что Петр учится.

(8) Ана знае:PRS.IPFV дека Петре учеше:IMPF.IPFV // учел:PRF.IPFV // има:PRS.AUX / имал:PRF.AUX / имаше:IMPF.AUX учено:ADJ-PTCP.IPF.

(8’) Анна знает, что Петр учился.

(9) Ана знае:PRS.IPFV дека Петре ќе учи:FUT.IPFV / ќе учеше:FUT-PST.IPFV / ќе учел:FUT-PRF.IPFV.

(9’) Анна знает, что Петр будет учиться / видимо, будет учиться / якобы будет учиться.

(4)

ГЧ ЗЧ

минато време (определено/не-

определено) (PST.IPFV / PRF.

IPFV (10);

IMPF.IPFV / PRF.

IPFV (11–12))

сегашно време (10) сегашно време (PRS.IPFV)

минато време (11)

определено (IMPF.IPFV) неопределено (PRF.IPFV)

има-конструкција

(PRS.AUX / PRF.AUX / IMPF.AUX +:ADJ- PTCP.IPF)

идно време (12)

идно (FUT.IPFV) минато-идно (FUT-PST.IPFV) идно-прекажано (FUT-PRF.IPFV) (10) Ана знаеше:PST.IPFV / знаела:PRF.IPFV дека Петре учи:PRS.IPFV

(10’) Анна знала, что Петр учится.

(11) Ана знаеше:IMPF.IPFV / знаела:PRF.IPFV дека Петре учеше:IMPF.IPFV // учел:PRF.

IPFV // има:PRS.AUX / имал:PRF.AUX / имаше:IMPF.AUX учено:ADJ-PTCP.IPFV.

(11’) Анна знала, что Петр учился // видимо, учился / якобы учился.

(12) Ана знаеше:IMPF.IPFV / знаела:PRF.IPFV дека Петре ќе учи:FUT.IPFV / ќе учеше:FUT-PST.IPFV / ќе учел:FUT-PRF.IPFV.

(12’) Анна знала, что Петр будет учиться / видимо, будет учиться / якобы будет учиться.

ГЧ ЗЧ

идно време (FUT.

PFV)

сегашно време (13) сегашно време (PRS.IPFV)

минато време (14)

определено (IMPF.IPFV) неопределено (PRF.IPFV)

има-конструкција

(PRS.AUX / PRF.AUX / IMPF.AUX +:ADJ- PTCP.IPF)

идно време (15) идно (FUT.IPFV)

идно-прекажано (FUT-PRF.IPFV) (13) Ана ќе дознае:FUT.PFV дека Петре учи:PRS.IPFV.

(13’) Анна узнает, что Петр учится.

(14) Ана ќе дознае:FUT.PFV дека Петре учеше:IMPF.IPFV / учел:PRF.IPFV // има:PRS.AUX / имал:PRF.AUX / имаше:IMPF.AUX студирано:ADJ-PTCP.IPF.

(14’) Анна узнает, что Петр учился // видимо, учился бы / якобы учился.

(15) Ана ќе дознае:FUT.PFV дека Петре ќе учи:FUT.IPFV / ќе учел:FUT-PRF.IPFV.

(15’) Анна узнает, что Петр будет учиться / якобы будет учиться.

Од наведениве примери можеме да согледаме дека во рускиот јазик по- стојат еквивалентни конструкции, во рамките на постоечките граматички

(5)

средства што ги поседува рускиот глагол. Имено, одделни конструкции кои го претставуваат балканскиот карактер на македонскиот јазик се пренесуваат со постоечките граматички средства во рускиот јазик.

4. Валентентниот (актантен) таксис може да биде изразен во реченици во кои ситуацијата P1 е вметната во ситуацијата P2, односно со реченични конструкции од типот:

а) ГЧ финитна форма, ЗЧ финитна форма; б) ГЧ финитна форма, ЗЧ – реченична трансформа – нефинитна форма.

4.1. ГЧ финитна форма, ЗЧ финитна форма

ЗЧ во македонскиот јазик кој е воведен со сврзниците дека (рус. что, потому что, так как), оти (рус. потому что, потому как, что), како (рус.

как), што (рус. что) почесто информира за фактивен настан, најчесто извршен настан во минатото. ЗЧ во македонскиот јазик кој е воведен со сврз- никот да (рус. что, чтобы) почесто информира за нефактивен настан.

а) конструкции со дека (рус. что)

(16) Мислам:PRS.IPFV дека Коле дошол:PRF.PFV.

(16’) Думаю, что Коля пришел.

(17) Тој ги информира:PRS.PFV/IPFV дека Коле ќе дојде:FUT.PFV.

(17’) Он их информировал (им сообщил), что Коля придет.

б) конструкции со оти (рус. что)

(18) Ми рекоа:PST.PFV оти Коле заминал:PRF.PFV.

(18’) Мне сказали, что Коля уехал.

Сврзниците дека (рус. что) и оти (рус. что, потому что) функциони- раат како синонимни. Дека има поголема фреквенција на употреба во однос на оти, се среќаваат во иста реченица кога се сака да се разбие натрупување на дел реченици (ЗЧ) со сврзникот дека.

(19) Ми рекоа:AOR.PFV дека Коле заминал:PRF.PFV и оти (тој) оставил:PRF.PFV порака за мене. (ЛМЃ, 247)

(19’) Мне сказали, что Коля уехал и что оставил мне поручение.

Во примерот (19’), во преводот на руски јазик, можеме да забележиме дека преведувачот не обрнува внимание на варијантноста на сврзниците дека / оти во македонскиот јазик.

Сврзниците дека (рус. что) и оти (рус. что, потому что) воведуваат ЗЧ најчесто кога ГЧ е конституиран од предикат од семантичкото поле на глаголи на:

— ‘зборување, пренесување на информација и сл.’, на пр.: вели (рус.

говорить), вети (рус. обещать) / ветува (рус. обещать), се закани (рус. гро- зить) / се заканува (рус. пригрозить), зборува (рус. говорить), информира (рус.

(6)

информировать), извести (рус. известить) / известува (рус. извещать), јави (рус. сообщить) / јавува (рус. сообщать), каже (рус. говорить) / кажува (рус. сказать), раскаже (рус. рассказать) / раскажува (рус. рассказывать), рече (рус. сказать), тврди (рус. твердить) и сл.;

— ‘интелектуални, емоционални, сетилни и сл. дејства, состојби, ак- ции’, на пр.: верува (рус. верить), види (рус. смотреть, видеть), гледа (рус.

смотреть), докажува (рус. доказывать), забележи (рус. заметить), забо- рави (рус. забыть), заклучи (рус. сделать вывод), знае (рус. знать), мисли (рус. думать), се надева (рус. надеяться), се плаши (рус. бояться), помни (рус. помнить), претпоставува (рус. предполагать), претчувствува (рус.

предчувствовать), разбере (рус. понять), слуша (рус. слушать), се сомнева (рус. сомневаться), убедува (рус. убеждать), учи (рус. учить) и др.

в) конструкции со како (рус. как)

(20) Ја гледав:IMPF.IPFV како бледнее:PRS.IPFV. (ЛМЃ, 247) (20’) Я смотрел, как он бледнеет.

(21) Гледаше:IMPF.IPFV како се нишаат:PRS.IPFV лисјето. (ЛМЃ, 247) (21’) Смотрел, как трепещут листья.

(22) Чувствуваше:PRS.IPFV како ги губат:PRS.IPFV силите. (ЛМЃ, 247) (22’) Чувствовал, как его покидают силы.

Сврзникот како (рус. как) воведува ЗЧ најчесто кога ГЧ е конституиран од финитна форма од семантичкото поле на ‘сетилни перцепции’, на пр.: гледа (рус. смотреть), слуша (рус. слушать), чувствува (рус. чувствовать).

г) конструкции со што (рус. что)

(23) Жал:NOUNABSTR ми е:PRS.AUX што ве навредив:AOR.PFV. (ЛМЃ, 247) (23’) Мне жаль, что я вас обидел.

(24) Најстрашно:ADVsup беше:PST.AUX што кметовата жена сè уште ја немаше:IMPF.

AUX.NEG. (ЛМЃ, 247)

(24’) Страшнее всего было, что жены сельского старосты все еще не было.

(25) Глупав:ADJ сум:PRS.AUX што се налутив:AOR.PFV. (ЛМЃ, 248) (25’) Я глуп, что обиделся.

Сврзникот што (рус. что) воведува ЗЧ најчесто кога ГЧ е конституиран од финитна форма од семантичкото поле на: ‘емоционални дејства’, на пр.:

развеселува (рус. веселить), возбудува (рус. возбуждать), забавува (рус. раз- влекать), огорчува (рус. огорчать), одушевува (рус. воодушевлять); или ‘емо- ционални реакции и состојби’, на пр.: се чуди (рус. удивляться), се лути (рус.

сердиться), се жали (рус. жаловаться) и сл.

д) конструкции со да (рус. что, чтобы)

(26) Мислам:PRS.IPFV да си одам:PRS.IPFV (SBJV) (ЛМЃ, 247) (26’) Думаю, что я уйду.

(7)

(27) Жал:NOUNABSTR ми е:PRS.AUX да го гледам:PRS.IPFV (SBJV) толку беспомошен.

(ЛМЃ, 247)

(27’) Мне жаль, что он такой беспомощный.

(28) Се договоривме:AOR.PFV да останеме:PRS.PFV (SBJV) сите заедно. (ЛМЃ, 247) (28’) Мы договорились, что останемся все вместе.

(29) Се трудеше:IMPF.IPFV куќата да биде:AUX (SBJV) секогаш средена:ADJ-PTCP. (ЛМЃ, (29’) Старалась, чтобы дом был всегда убран.247)

Партикулата да (рус. что, чтобы) воведува ЗЧ најчесто кога ГЧ е консти- туиран од глагол од семантичкото поле на:

— ‘изразувење на човековата волја, желба и сл.’, на пр.: моли (рус. про- сить), повикува (рус. призывать, приглашать), предлага (рус. предлагать), советува (рус. советовать), бара (рус. требовать), обврзува (рус. обязы- вать), забранува (рус. запрещать), наредува (рус. приказывать), принудува (рус. принуждать), се стреми (рус. стремиться), се труди (рус. трудиться) и сл., на пр.:

а) ‘зборување и пренесување на информација за да се изрази човековата волја, желба и сл.’, на пр.:

(30) Кажете:IMP.IPFV им да не ме чекаат:PRS.IPFV (SBJV). (ЛМЃ, 249) (30’) Скажите им, чтобы меня не ждали.

б) ‘мисловна перцепција за да се изрази човековата волја, желба и сл.’, на пр.: помисли (рус. подумать), очекува (рус. ожидать);

(31) Помисли:AOR.PFV да си оди:PRS.IPFV (SBJV). (ЛМЃ, 249) (31’) Подумал, что уйдет.

(32) Очекувам:PRS.IPFV да дојде:PRS.PFV (SBJV). (ЛМЃ, 240) (32’) Ожидаю, что придет.

— ‘изразување на оцени’, на пр.: (не) е во ред (рус. плохо), вреди (рус.

стоит), заслужува (рус. заслуживать) и сл.

(33) Нe:NEG еPRS.AUX пристојноADV да се доаѓа:PRS.IPFV (SBJV) доцна.

(33’) Плохо приходить поздно.

— ‘изразување на сомнеж’, на пр.: се плаши (рус. бояться), се сомнева (рус. сомневаться). Кај овој тип по сврзникот да (рус. что, чтобы) следи негација не — рус. чтобы не — что не. Како варијантна на овој тип се јавува конструкцијата со дека (рус. что), на пр.:

(34) Се плашам:PRS.IPFV да не ја каже:PRS.IPFV (SBJV) вистината. (ЛМЃ, 249) (34’) Боюсь, как бы не сказать правду.

(34а) Се плашам:PRS.IPFV дека не ќе ја каже:FUT.IPFV вистината.

(34а’) Боюсь, как бы не сказать правду.

(35) Се плашам:PRS.IPFV да не дојде:PRS.PFV (SBJV). (ЛМЃ, 249) (35’) Боюсь, что он не придет.

(8)

(35а) Се плашам:PRS.IPFV дека ќе дојде:FUT.PFV.

(35a’) Боюсь, что он придет.

4.2. ГЧ финитна форма, ЗЧ нефинитна форма (реченична трансформа) Во македонскиот јазик дејството во ЗЧ може да биде изразено и со нефи- нитна форма — глаголска именка за што наоѓаме еквивалентни конструкции со глаголски и одглаголски именки и во граматичкиот систем на рускиот јазик. На пр.:

(36) Го гледав:IMPF.IPFV пристигнувањето:NOUNVERBAL.IPF на возот. (ЛМЃ, 251) (36’) Наблюдал за прибытием поезда.

(36а) Гледав:IMPF.IPFV како пристигнува:PRS.IPFV возот. (ЛМЃ, 251) (36а’) Смотрел, как прибывает поезд.

(37) Знам:PRS.IPFV за неговото доаѓање:NOUNVERBAL.IPF. (ЛМЃ, 251) (37’) Знаю о его приезде.

(37а) Знам:PRS.IPFV дека тој дошол:PRF.PFV. (ЛМЃ, 251) (37а’) Знаю, что он прибыл.

5. Заклучок

Презентираниот материјал според појдовните теоретски основи на про- ектот Таксис во словенските јазици во врска со таксисните конструкции во македонскиот јазик ни дозволува да резимираме дека македонскиот јазик поседува богатство на средства за изразување на сите типови на таксис, како и богатство на сврзнички показатели на таксисните релации.

Во врска со јазичниот материјал во ова истражување, што се однесува на типовите конструкции со кои се изразува еден поттип на т.н. валентен (актан- тен) таксис во македонскиот јазик можеме да заклучиме дека:

— во конструкциите со кои се изразуваат релации во кои ‘ситуацијата Р1 е вметната во ситуацијата Р2’ вршител (појдовен аргумент на релацијата) е човек, освен ако не се работи за метафора и како показатели на оваа релација ги среќаваме:

— сврзниците: дека, оти, како, што, да;

— прашалните партикули, најчесто дали;

— прашалните заменски зборови: што, кој..., чиј..., каков..., колкав..., каде, кога, колку, како, зошто.

Претставениот јазичен материјал, меѓу другото го отсликува и т.н. балкан- ски карактер на глаголскиот систем на македонскиот јазик како припадник на јужнословенската група на словенските јазици.

Можеме да заклучиме дека кај овој тип таксисни конструкции — кои го изразуваат валентниот (актантен) таксис постои паралела меѓу македон-

(9)

скиот и рускиот јазик, имено и двата јазика имаат соодветни глаголи (и пе- рифрастични изрази) кои отвораат место за таксисна конструкција, или кои информацијата за таксис ја содржат во своето значење. И двата јазика рас- полагаат со богатство на сврзници, кои го воведуваат ЗЧ. Најопшт заклучок би бил, дека според начинот на изразување на овој тип таксисни конструкции кои го изразуваат валентниот (актантен) таксис и македонскиот и рускиот јазик покажуваат поголеми сличности отколку разлики, што е спротивно на очекувањата со оглед на тоа дека македонскиот јазик припаѓа на јужносло- венките јазици со изразени балкански црти во граматиката на глаголот и со релативно краток временски опсег на својата стандардизација; додека рус- киот јазик е словенски јазик од источнословенската група со подолго време- траење и поинаков карактер на својата стандардзација.

Кратенки

ADJ — придавка

ADJ-PTCP — глаголска придавка

ADV — прилог

AOR — минато определено свршено време (аорист) AUX — помошен глагол

FUT — идно време (футур) FUT-PRF — идно прекажано време FUT-PST — минато идно време

IMP — имперaтив

IMPF — минато определено несвршено време (имперфект) IPF — дериват од глагол со несвршен (имперфективен) вид IPFV — глагол со несвршен вид (имперфективен вид)

NEG — негација

NOUNABSTR — апстрактна именка NOUNVERBAL — глаголска именка P1, P2 — говорна ситуација

PF — дериват од глагол со свршен (перфективен) вид PFV — глагол со свршен вид (перфективен вид) PFV/IPFV — двовидски глагол

PRF — минато неопределено време (перфект) PRS — сегашно време (презент)

SBJV — субјунктив (да-конструкција)

sup — суперлатив

Литература

конески Б., 1966, Граматика на македонскиот литературен јазик, Скопје.

миновауркова Л., (ЛМЃ) , 1994, Синтакса на македонскиот стандарден јазик, Скопје.

(10)

Типология 2009, Типология таксисных конструкций, ред. В.С. Храковский, Москва.

тоПолињска З., 1995, Македонските дијалекти во Егејска Македонија, кн. 1: Синтакса, 1 дел: Механизми на предикациjа. Конструкции на глаголски предикати, Скопје.

тоПолињска З., 1997, Македонските дијалекти во Егејска Македонија, кн. 1: Синтакса, 2 дел: Механизми на предикација. Сложени реченични конструкции (конструкции со сврзнички предикати). Механизми на номинација, Скопје.

тоПолињска З., 2001, Полски~македонски. Граматичка конфронтација. 5. Zdanie w zdaniu.

Реченица во реченица, Скопје.

шоклароваоровска Г., 1990, Семантика и синтакса на временските односи во македонскиот јазик во споредба со полскиот јазик, Скопје.

Gramatyka współczesnego języka polskiego. Składnia, 1984, red. Z. Topolińska, Warszawa.

jakoBson R., 1957, Shifters, verbal categories and the russian verb, Harvard.

Taxis expressed by sentences in which the situation P

1

is inserted in the situation P

2

in Macedonian and their equivalents in Russian

Summary

The term taxis (broadly speaking) covers issues related to the manner of expression of tempor- al relations (anteriority, posteriority, simultaneity) between two situations described in certain types of complex structure. In complex sentences in which we have two clauses such as: (1) Сашо знае дека Весна студира; (2) Сашо знаеше дека Весна студирала; (3) Сашо ќе дознае дека Весна студира etc. This paper considers the ways of expressing one of the types of these relations in Macedonian with some parallels in Russian as an illustration of the wider Balkan linguistic context and Eastern Slavic linguistic territory on the theoretical foundations of the project Taxis in Slavic languages managed by professor Victor Khrakovsky at the Department of Linguistic Typology RAN (Russian Academy of Sciences).

Cytaty

Powiązane dokumenty

В рекламных роликах такого рода в роли «покупателя» чаще всего выступа- ет женщина: это связано с тем, что женщины более внушаемы и чаще обраща- ются к

Лексиката со суб]ективна оценка е дел од основниот лексички фонд на македонскиот ]азик, настаната како резултат на понудениот зборообра- зувачки потенцщал на

Во однос на нивната употреба, деминутивно-хипокористичните деривати во македонскиот jазик се срекаваат, одосно се сво^твени за разговор- ниот стил, особено

Универбизацщата, како еден од начините на зборообразуваше во македонската наука за ]азикот не предизвикува поголем интерес, осо- бено ако се земе предвид фактот

S23 — élève qui redouble une classe (учащийся, остающийся на второй год). В качестве примера можно предложить анализ нескольких лексических еди- ниц в каждом

Hoewel het Generic Conceptual Model niet zelf een data model of informatie model is, bevat het wel een aantal data model elementen, “base types” genoemd, die niet

Выступление Ф.Брусняка на конференции во Львове Источники: LvivMozArt, доступ 10.11.2019, lvivmozart.com/event/musical-literary-salon

osłabienie ich stanowiska jako posiadaczy summa auspicia. Przy tem sens owego posiadania wynikał z faktu, że byli oni w zasadzie jedynymi ich posiadaczami; przeto